Испечати

Полнети ролнички во фолија

Полнети ролнички во фолија

Состојки

  • 400 гр свинско каре (вешалици)
  • 400 гр пилешки стек (вешалици)
  • по потреба сенф
  • 100 гр кашкавал
  • 150-200 гр вргањ
  • 200 гр димена сланина
  • 200 гр мешано вариво (грашок, пченка, морков)
  • по потреба сол
  • по потреба мешан зачин
  • малку црн мелен бибер
  • 1 коцка за супа
  • 100 мл вода
  • 100 мл бело вино
  • по потреба масло за јадење

Подготовка

1. Месото се толчи малку со дрвен чук, се посолува и зачинува па се премачкува со сенф
2. Врз сенфот се реди прво обареното вариво, па сечканите печурки, па сланината исечкана на мали парченца и кашкавалот исецен на ленти
3. Се роловаат ролничките, се ставаат во фолија, се попрскуваат со малку масло за јадење и се завиткуваат во фолија
4. Фолиите со ролнички се редат во подлабоко тавче, се додава водата и виното и во течноста се става коцката за супа, се затвара тавата со фолија или со капак, па се става во загреана рерна да се пече околу 100 минути
5. Ролничките се сечат дијагонално на помали парчиња