Испечати

Мафини од тесто за кифлина

Мафини од тесто за кифлина

Состојки

  • 1 пресен квасец
  • 100мл. млако млеко
  • 100мл. млака вода
  • 100гр. маргарин
  • 600гр. брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка шекер
  • 1 јајце за премачкување

Подготовка

Квасецот го зафаќаме со малку брашно и млеко и го оставаме да надојди. Кога ќе надојди го тураме во сад и ги додаваме сите состојки. Маргаринот треба да биди стоен на собна температура за полсено да се меси. Тестото убаво го месиме и го оставаме да надојди. Потоа тестото го сучиме во кора и сечиме ленти.
Секоја лента ја виткаме во ролна. Ги редиме во калапите и ги оставаме 10 минути. Пред да се печат ги мачкаме со јајцето. Печиме на 180 сепени околу 15 минути.