Испечати

Домашен пилинг за лице и тело

Домашен пилинг за лице и тело

Состојки

  • по потреба кристал шеќер или крупна сол
  • по потреба масло по избор (парафинско, маслиново, кокосово, мешавина од масла или друго)
  • Комбинации
  • цимет, каранфилче и ванила
  • рузмарин и лимон
  • какао и портокал

Подготовка

Уживам во домашно направените средства за нега. Домашниот део стик од кокос го користам веќе 2 години и не потфрлил ниту еднаш. Овој скраб го имам правено неколку пати, за жал без фотографии се првите подготовки. Шеќерот и солта убаво ја одстрануваат мртвата кожа од површината, маслото ѝ дава сјај и мекост, а мирисите што ќе ги одберете ќе направат да уживате во тоа што сте го создале сами.

Подготовката е екстремно лесна и брза.
За мерица ќе го користите садот во кој што планирате да го чувате скработ.
Наполнете го садот за чување со сол или шеќер за да видите колку ви е потребно.
Истурете ја количината во поголем сад и додадете СОСЕМА МАЛКУ масло. Шеќерот или солта не треба да пливаат во масло, само да се премачкаат. Промешајте убаво да се изедначи и ќе видите дали е потребно да додадете уште.

Од како ќе завршите со мешањето додадете ги мирисите, количина по желба.
Можете да додадете мелен цимет и каранфилче, измелено ванила стапче или само средишниот дел, мелен рузмарин или лаванда или да додадете неколку капки етерично масло со мирис по желба.
Префрлете го во садот за чување и оставете го до одстои барем 24 часа, да се спојат мирисите (ако користите мелени зачини и сл)

Сите можни опции ви се на располагање. Не можете да згрешите.

Многу е важно да користите мелени зачини и сол и шеќер, а не гриз или палента.
Солта и шеќерот ќе се стопат во допир со вода, па не постои опасност од затнување на цевки и сл.

Последната комбинација што ја направив е едноставна, шеќер со маслото од лаванда.
Иако морам да признаам најомилена варијанта е шеќер со ванила со цимет и каранфилче (ја имам објаснето и во Домашниот ванилин шеќер ), а следна во план ми е рузмарин и лимон. Рузмаринот и кората од лимон сакам да ги ставам во масло да одстојат, да ги прецедам, па потоа да ги промешам со крупна сол.