Пита со урда, пиперки и готови кори
Состојки
- 500гр готови кори
- 1 тегла (720мл) урда со пиперки
- 1-2 јајца
- За попрскување на корите
- по потреба кисела вода
- по потреба масло
- по желба/потреба прашак за пециво
- За посипување
- по потреба сусам - потпечен
Подготовка
Лесен и брз рецепт, кој што ме потсети на неделно утро кога бев мала. Мирисот на печена пита кога сите бевме дома.
Рецептот за Урда со пиперки е веќе објавен тука, но доколку немате приготвено на тој начин, можете слободно да користите свежи.
Корите пребројте ги. Најчесто се по 16 во пакување, за да знаете по колку кори ќе ставате во еден ролат.
Сусамот ставете го во мало тавче и потпечете го без масло, само колку да зарумении оставете го да се олади.
Доколку користите урда и пиперки од тегла, теглата истурете ја во сад и убаво запржете ја, да испари вишокот вода. Доколку користите свежи пиперки, исецкајте ги на парчња по желба и пропржете ги на малку масло, да замирисаат убаво на пржено, па додадете ја урдата. Пржете додека да испари течноста.
Оставете да се олади, па додадете го јајцето и убаво промешајте да се изедначи.
Секоја кора попрскувајте ја со масло, рамномерно на секаде, истото направете го со киселата вода. Во киселата вода ако сакате можете да додадете прашак за пециво, за поубаво да нараснат корите.
Редете по 3-4 кори една врз друга и секоја попрскувајте ја. Последната кора не се попрскува. На последната кора нанесете го филот и замотајте ролат.
Редете во тавче со хартија за печење. Доколку користите Делимано, хартија за печење не е потребна бидејки навистина не лепи.
Премачкајте ги ролатите со малку масло и вода и посипете ги со потпечениот сусам.
Печете во загреана рерна на 20 степени, окулу 30-40 минути.