Испечати

Салата со цвекло и праз

Салата со цвекло и праз

Состојки

  • 250 гр варено цвекло може и конзервирано
  • 2 прачки праз
  • 2 лажици мајонез

Подготовка

Цвеклото се вари, се лупи, па се сецка на кругови и се зачинува со јаболков оцет и со маслинов зејтин и сол. Откако ќе отстои во стаклена тегла се сецка на коцкички.
Празот се мие и се сецка на четвртинки и се додава на цвеклото. За да се спои со него се додават двете лажици мајонез и салатата е готова. За зимскиот период оваа салата е исклучително освежителна и е добар гарнир за свинско месо.