Гостински палачинки
Состојки
- 4 палачинки
- за фил
- 100 гр шунка
- 150 гр млечен кашкавал
- 100 гр печурки
- 150 мл кисела павлака
- по желба сецкани маслинки
- за прелив
- 8 лажици доматно пире (или кечап)
- 6 лажици маслиново масло
- зачини по вкус-оригано, мајчина душица, буковска пипер, лук во прав
Подготовка
Постојат еден куп рецепти за палачинки на 1001 начин, па еве и ние случајно искомбиниравме едни кои се покажаа баш убави. Обврските по дома и маливе деца не ми дозволуваат да имам многу слободно време а куќа секој викенд полна со гости, па секогаш кога ќе сум кнап со време овие ми се добитна комбинанција
Овие мерки се за две порции, ако сакате повеќе дуплирајте ги. Палачинките претходно спремни се премачкуваат со павлака. Врз неа се редат тенки кругови шунка, парченца млечен кашкавал, печурки и сецкани маслинки по желба. Поубави се кога се со свежи печурки ама јас овој пат имав само од тегла. Така подготвени се преклопуваат да се добијат тријаголници и се редат една до друга во керамички сад
Во друг сад на страна се загрева доматното пире (или кечап) со маслиново масло. Доволно е само да се загрее преливот. Се зачинува по желба. Јас ставам лук во прав и оригано. Со оваа смеса се преливаат палачинките. Се ставаат и парченца кашкавал и се печат на 250 степени 10-15 мин.