Солени колачиња со семки

Состојки
- 100 гр семки
 - 100 гр сончоглед
 - 100 гр сусам
 - 50 гр лен
 - 2 лажици афион
 - малку ким
 - 3 шољи (од 250 гр) брашно
 - 1 шољи масло за јадење
 - 1 шољи кисела вода
 - 1 пакетче (10гр) прашок за печиво
 - 1 лажиче сол
 
Подготовка
1. Семките и сончогледот се ставаат на огин малку да се запечат и при крајот им се додава сусамот.
 2. Брашното, солта, водата, маслото и прашокот за печиво се замесуваат и на крај се додава потпеченото семе и се заедно се меси
 3. Со сукало се растегнува кора на работната маса и со чаша се вадат кругови-колачи
 4. Се редат во ненамрсена тава и се печат 10 - 15 м ин на 200 степени додека да заруменат