Салата со пченка и вргањ
Состојки
- 200 гр варена пченка (со вода, па со млеко)
- 200 гр вргањ
- 500 мл павлака 20%
- 50 мл мајонез
- малку оригано
- малку сол
Подготовка
1. Пченката се вари со вода и откако ќе биде обарена, се цеди од водата и потоа се враќа на огин да се повари уште малку во млеко
2. Вргањот ситно се сечка и се пропржува во Делимано триологија тава со една капка масло, да омекне целосно
3. Откако ќе се изладат пченката и вргањот се соединуваат и им се додава павлаката, мајонезот и зачините
4. Салатата се служи откако добро ќе се излади во фрижидер