Видео рецепт: Спринг Ролс со зеленчук (Посно)
Состојки
- готови кори
- 1 морков
- 1 зелка
- зелена пиперка
- 1 чешне лук
- печурка Буковка
- За СОС ќе ви треба:
- 2 мали лажици кафеав шеќер
- 2 лажици соја
- 2 лажици лимонов сок
- 1/2 шолја вода
- половина шолја путер од кикирики
- 1 чили пиперче
Фичо ќе ни го подготви популарниот азиски рецепт, Спринг Ролс со сос од путер од кикирики. Ова е воедно и посен рецепт.
Подготовка
Чекор 1: Исецкајте ги зеленчуците и ставете ги во тава со масло да се пропржат. Пржете додека да испари течноста. Додадете ја ситно исечканата буковка и допржете убаво. Оставете на страна да се олади.
Чекор 2: Подгответе ги корите за полнење. Во сад ставете малку брашно и вода. Оваа смеса ќе ја користите за да ги залепите корите.
Полнете ги корите со смесата, направете ролат, залепете ги со смесата од брашно и подвиткајте ги корите за да не истече смесата.
Чекор 3: Во сад за сос ставете ги сите наведени состојки и мешајте додека смесата не се соедини на средна температура. Додека смесата е топла, ќе личи течна, но ќе се стегне кога ќе се олади.
Чекор 4: Запржете ги ролничките во загреана Вок тава со масло и сервирајте со сосот.
СОВЕТ: Во оригиналниот рецепт се користат оризови кори, ако најдете, донесете и ние да пробаме.