Салата од печурки и телешко
Состојки
- 1 тегла (720мл) шампињони
- 700гр телешко месо
- 10 кисели краставички
- 1 тегла (720мл) мајонез
- 1/2 лажица црн бибер
- 2 лажици сенф
- 150гр кашкавал
Подготовка
Вкусна богата салата погодна за секакви прослави. Телешкото месо се вари во посолена вода, а потоа се сече на коцки. Краставичките, кашкавалот и шампињоните исто така се сечат на коцки.
Во подлабок сад се става смесата и се додава мајонезот и сенфот и биберот и убаво се меша. Во салатата може да се стави и половина главица кромид изблендиран за побогат вкус а и не мора-тоа останува на вас да одлучите.