Кокос фантазија
Состојки
- Бисквит
- 4 белки
- 250 гр. шеќер
- 150 гр. кокос
- Прелив
- 2 лажици какао
- 2 лажици шекер
- 1 лажици инстант кафе (нескафе)
- 100 гр. чоколадо (за готвење или млечно)
- 4 лажици млеко
- Крем
- 1/2 л. слатка павлака
- 1 кеса инстант пудинг од ванила
Подготовка
Белките се матат со шеќерот па се додава кокосот и смесата се става во плех 20х30 и се пече на 160 степени додека полека не добие златна боја.
Се топат сите состојки за преливот, добро се мешаат и се прелива оладениот бисквит.
Слатката павлака се става во сад за матење и се додава пудингот во прав, се матат дури не добиеме густ крем.
Се премачкува колачот и се остава добро да олади.