Испечати

Мафини со тиква (посно)

Мафини со тиква (посно)

Состојки

  • 300 гр брашно
  • 300 гр шеќер
  • 150 мл масло
  • 200 мл минерална вода
  • 1 пециво
  • 3 лажици мармалад од кајсии
  • 2-3 парчиња печена тиква
  • 100 гр чоколадо

Подготовка

Лесни, посни мафини !
Парчињата тиква ги миксирам, потоа додавам брашно, пециво, шеќер, мармалад и на крај водата и маслото. Миксирам се заедно, ако ви е течна смесата слободно додадете уште 2-3 лажици брашно. Во секоја мафина по две лажици од смесата и неколку парчиња чоколадо. Печете ги на 250 степени, по неколку минути намалете ја температурата. После печење врз мафините ставете шеќер во прав или растопено чоколадо ( излегуваат околу 20 мафини ). Овој пат ги правев за во градинка и декорацијата е со таа намена !!!