Солен колач - Мирис на есен
Состојки
- 2-3 страгови праз
- 200 гр сирење
- 4 јајца
- 1 лажичка сол
- 1 шоља (200мл) млеко
- 1/2 шоља масло
- 2 шољи брашно
- 1 пециво
Подготовка
Најпрвен го запржувам малку празот, додека се олади го правам кексот. Јајцата ги миксирам со солта потоа додавам млеко, масло, брашно и пециво. На крај го ставам празот и дробеното сирење. Го ставам во предходно намрсен и набрашнет куглов и одозгора го наросувам со сусам. Мојот омилен солен кекс за периодот есен -зима.