Кифлички со млеко
Состојки
- 1 кг брашно
- 1/2 литар млеко
- 100 мл масло
- 1 лажиче мало сол
- 1 квасец
- 2 жолчки од јајца
- 100 грама сусам
- 125 грама маргарин
- 50гр шеќер
Подготовка
Се замесува тесто од брашно, млеко, масло, шеќер, сол, квасец. Се остава тестото да скисне. Потоа тестото се дели на 40 топчина. Секое топче се меси и се оформува кифла. Кифлите се мачкаат со јајце, сусам и се додаваат парчина од маргарин за да бидат меки. Се печат во загреана рерна од 200 степени 20 минути.