Кифли со млад кромид и морков

Состојки
- 250гр. брашно
 - 100-150 мл млеко
 - 1/2 квасец
 - 1 лажиче сол
 - 5-6 перца од млад кромид
 - 1 морков
 - 1 јајце за премачкување
 - 50гр сусам
 
Подготовка
Пак пробував нешто, затоа и дозата е толку мала, ама многу вкусни испаднаа посебно мирисот додека се печеа, па наредниот пат повеќе ќе биде.
 Перцата ги сецкаме многу ситно, а морковот го рендаме на најситно.
 Го месиме тестото заедно со пецата и морковот.
 Оставаме тестото да стаса.
 Откако ќе стаса расукуваме кора и сечиме на триаголници. Го мотаме секое парче како соленка. Ставаме во намрсена тава, ги премачкуваме со јајце и наросуваме сусам. Печеме околу 45мин. на 220 степени.