Самса
Состојки
- 200мл. млеко
- 200мл. вода
- 1 јајце
- 550-600гр. брашно
- 2 лажици зејтин
- за премачкување на корите 250гр.путер или маст
- фил
- 500гр. мелено месо(по желба)
- 2 кромитки
- 1 црвена пиперка
- 1 домат
- 1 морков рендан
- зачини,магдонос,оригано,бибер,сол
Подготовка
Самса е мелено месо, маст, зачини, мешавина од зеленчук кој е замотан во тесто и се пече во фурна. Постојат неколку видови на самса јас се одличув за оваа верзија од слоевито тесто полнето со мелено месо и зачини во моја верзија. Се надевам дека ќе ви се допадне...мора да споменам дека во некои краеви постои самса пита која се прелива со кисело млеко и лук,тоа во некоја наредна прилика.
Подготовка.
1. Водата и млекото, зејтинот, јајцето и солта ги замесуваме постепено со брашното. Треба да добиеме тврдо тесто кое треба да биде добро замесено и мазно. Оставете го да се одмори петнаесетина минути.
2. Тестото го делиме на топчиња околу дваесет.Секое топче го премачкуваме со маст или путер и редиме една врз друга кора.Тестото го ставаме во фрижидер половина час.Потоа го вадиме од фрижидер и развлекуваме поголема кора која исто така ја премачкуваме со маст или путер развлекуваме ролат.Целата постапка ја повторуваме уште два пати.На крај развлекуваме кора премачкуваме и мотаме ролат кој убаво го притискаме за да не остане внатре воздух.
3.Ролатот го сечеме на еден сантиметар развлекуваме со големина на тацна за кафе и полниме со смесата од мелено месо.Формираме триаголници кои ги затвараме и редиме во тава за печење,триаголниците нека бидат со затворената страна надоле.Секој триаголник го премачкуваме со жолчка и малку зејтин и посолуваме со мешавина од сусам,ким и лен.
Подготовка на филот.
4.Кромидот го пржиме со малку зејтин ја додаваме пиперката,доматот и морковот тоа заедно пржиме десетина мин.По желба додадете малку лук,потоа го додаваме меленото месо пржиме.На крај ги додаваме зачините:ориганото,буковецот,биберот и магданосот.
Забелешка.
Може да се смени полнењето по ваша желба,наредниот пат ќе пробам со спанаќ во комбинација со сирење или урда.Оваа комбинација многу добро иде со тартар сос.Уште да нагласам колку повеќе кори ќе премачкате толку повеќе тестото ќе биде разлистано.