Испечати

Њоки со колбаси и рукола

Њоки со колбаси и рукола

Состојки

  • 500гр. њоки
  • 4 колбаси
  • 3 парчиња леб
  • 200гр. рукола
  • по потреба маслиново масло
  • по потреба сол и црн пипер
  • 4 мали домати
  • по потреба магданос
  • 2 лажици бело вино

Подготовка

1. Њоките сварете ги во солена вода. Кога ќе излезат на површината знак е дака се веќе готови.
2. Во мегувреме колбасите излупете ги и со рацете измешајте ги со виното и 2 лажици од маслиновото масло. Потоа испржете ги во малку маслиново масло, посолете и побиберете и оставете ги на страна.
3. Лебчето ставете го во блендер и сомелете го многу ситно. Потоа изпржете го и него во малку маслиново масло со ситно сечканиот магданос.
4. Руколата обарете ја во топла вода. Извадете ја од водата и исцедете ја.
5. Доматите заруменете ги малку во загреана рерана со малку сол и маслиново масло.
На дното од чинијата за сервирање најпрво нанесете од руколата, потоа од њоките па од колбасите, наросете со лебчето и декорирајте со доматите.
На здравје!