Испечати

Посни крекери со сусам, сончоглед и ким

Посни крекери со сусам, сончоглед и ким

Состојки

  • 800 гр брашно
  • 300 гр бело вино
  • 300 гр масло
  • 200 гр сончоглед
  • 200 гр сусам
  • 2 пакетчиња ким
  • 2 пецива
  • 1 лажица сол

Подготовка

Најпрво ги потпекувам сусамот и сончогледот. Потоа ги додавам во брашното, ставам ким и пециво. Замесувам со виното и маслото, се додека тестото не лепи ако треба уште малку брашно ставам, во зависност со кое брашно месите. Веднаш се прават во најразлични форми, пред печење повторно посолувам.
Ете другарка ми Снешка да види ги направив и сама си ги изедов !!!