Пирошки од палачинки
Состојки
- 1 јајце
- 250гр. кисела вода
- брашно по потреба
- 3 кисели краставички
- 50-100гр салама
- 1 јајце за поховање
- 50-100гр презла
Подготовка
Јајцето, киселата вода и брашното ги мешаме со лажица смесата да стане хомогена. Ги пржиме палачинките.
Краставичките и саламата ги рендаме.
Врз секоја палачинка ставаме од краставичките и саламата и ги мотаме.
Ги валкаме во јајце, па во презла и ги пржиме.