Торта за душа
Состојки
- теста
- 6 белки
- 6 лажици шеќер
- 3 лажици брашно
- 6 лажици мелен лешник
- фил
- 6 жолчки
- 4 лажици шеќер
- 100гр путер
- 100 мл млеко
- 2 лажици шеќер
- 200гр мелен орев
- за црн фил
- 150 гр црно чоколадо
- 100 гр крупно сецкан лешник
- 300мл слатка павлака
Подготовка
Оваа торта ја нареков торта за душа, бидејќи си ја правев за мојот роденден, значи по мој вкус.
Едноставно се топи во устата.
Прво од 2 белки, 2 лажици шеќер, 1 лажица брашно и 2 лажици мелен лешник се прави 1 тесто.
На ист начин се прават уште 2 теста.
Се печат во бр 24.
Се матат 6 жолчките со 4 лажици шеќер над пареа до згуснување.
Се лади, па се додава 100 гр изматен путер.
Во мала касерола се ставаат млекото и шеќерот да провријааат 5 минути, па се додаваат оревите.
Ова кога ќе се излади се додава на претходната смеса.
Убаво сето се соединува и добиениот фил се дели на половина.
Во едниот дел се става растопеното чоколадо и крупно сецкан лешник.
Сега се мати слатката павлака( 200 мл)
Се филува кора, жолт фил, црн фил, слатка павлак,кора, жолт фил, црн фил, слатка павлака, кора......
Цела торта се покрива со остатокот од слатката павлака
Се чува во фрижидер 3-4 часа.