Испечати

Детокс сок (Витамински напиток)

Детокс сок  (Витамински напиток)

Состојки

  • 1 средна главица цвекло
  • 1 средно по можност непрскано јаболко
  • 1 лимон

Подготовка

Кај нас утрото започнува со овој вкусен сок.
Предност е што е многу хранлив, а и не бара време за подготовка.
Се лупи цвеклото, лимонот а јаболкото до колку е непрскано не се лупи.
Сето се става во соковник и се цеди.
Послужете со кришка лимон.