Испечати

Монте колач

Монте колач

Состојки

  • 200 гр бисквити
  • ФИЛ 1
  • 1 л млеко
  • 100 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 1 ванила
  • 125 гр путер
  • ФИЛ 2
  • 500 мл слатка павлака
  • 200 гр чоколадо

Подготовка

Во помало тавче за печење наредете ги бисквитите и попрскајте ги со малку млеко.
За првиот фил ставете го млекото, шеќерот и ванилата во тенџерче и ставете го на оган. Во сад изметете го брашното со малку ладно млеко. Кога ќе зоврие млекото ставете ја смесата со брашното и мешајте на тивок оган околу 2 минути, ставете го путерот и мешајте да се истопи. Прелијте го филот одма преку бисквитите.
За вториот фил искршете го чоколадото и ставете го во слатката павлака. Мешајте на тивок оган. Кога ќе се истопи чоколадото прелијте преку првиот фил. Ставете да се излади и послужите