Посни мафини со јаболка

Состојки
- За мафини
 - 1 кг лупени,рендани јаболка
 - 3 чаши шеќер
 - 2 мали лажичиња сода бикарбона
 - 1 пециво
 - чаша и половина масло
 - 4-5 чаши брашно
 - 1 пакетче суво грозје
 - 200 гр сецкани ореви
 - За глазура
 
Подготовка
1. Се мешаат-јаболка,шеќер,сода бикарбона и пециво. Се остава да отстојат 2 часа.
 2. Потоа се додаваат маслото,кората од лимон,малку цимет,сувото грозје,сецканите ореви и брашното.
 3. Се меша убаво и смесата се става во калапи за мафини.
 4. Пред да се целосно испечени се премачкуваат со мармалад и се ставаат сецкани ореви, па се печат уште малку на 150 степени.
Истата смеса може да се направи и како торта во плех број 36.