Плескавици со урда и тиквици
Состојки
- 1 средна големина тиквица
- 300 грама солена урда
- 1 јајце
- 50 грама презла (по потреба може и повеќе)
- 4 супени лажици пченкарно брашно
- по вкус сол, мешан сув зачин, мајчина душица
- Декорација
- домашна лутеница, маслинки без семка
Подготовка
Ова е рецепт на мојот сопруг. Се подготвува лесно и брзо, а воедно е и многу вкусно.
Тиквицата се ренда и добро се истиснува водата од неа. Се додаваат другите состојки и смесата се замесува. Плескавиците се пржат на умерен оган до поруменување. Се декорираат по желба. Јас во случајот ја искористив домашната лутеница и маслинки.
Уживајте!