Испечати

Хумус од тиква, наут и таан

Хумус од тиква, наут и таан

Состојки

  • 500 гр тиква
  • 1 конзерва наут
  • 1 лукче
  • 1 лимон
  • 1 лажица таан
  • 3 лажици маслиново масло

Подготовка

Тиквата ја лупиме, сечеме на коцки, зачинуваме со сол, бибер и масло и ја печеме во рерна 20 мин на 220 степени. Откако ќе се испече ја префрламе во сад и го додаваме наутот, сок од еден лимон, лукот,таанот,маслиново масло и сол.Се заедно пасираме и по потреба додаваме вода за да добиеме кремаста смеса.