Пица со многу вкусови
Состојки
- 3 шолји брашно
- 2 шолји млака вода
- 1 квасец
- 1 лажица сол
- 1 лажица шеќер
- 2 лажици масло за јадење
- 250 гр шампињони
- 100 гр рендан ајдамер(или друг кашкавал)
- 100 гр фета сирење сецкано на мали коцки
- 1 младо кромидче
- 50 гр маслинки без семка
- 1 пакување ким
- 1 путер
- 1 оригано,босилек,мајоран
- 1 пакување доматно пире
- 1 вегета
- 1 пармезан
- 1 лук во гранули
Подготовка
Подготовка на тестото
Во голем сад се мешаат брашното, млаката вода, квасецот, па се додаваат солта, шеќерот и маслото. Целата смеса се меша со лажица и се остава да стаса. Поради тоа што тестото е потечно, за да се маневрира со него потребно е да ја намрсите раката со масло за јадење. Така е полесно да се растегне во тавата.
Подготовка на филот
Врз тестото се поспува доматно пире и се премачкува целата пица. Се остава пола сантим по целиот крај каде со лажица се премачкува путерот и врз него се наросува кимот поцелиот крај за да се залепи. Целата пица се наросува со оригано, босилек и мајоран. Се додаваат печурките, парчињата фета и сецканите маслинки. Одозгора се наросува целиот рендан кашкавал. Се пече на 15-20 мин на 250 степени.
Подготовка на доматата за преливање
Во сад се става доматно пире(некое погусто), вегета, рендан пармезан, лукот во гранули, босилек, оригани и мајоран. Целата смеса се меша убаво.
Кога ќе ја извадите пицата од редна, одозгора посипувате со сецкано младо кромидче, па ја сервирате заедно со приготвената домата.
Добар апетит