Супа од палачинки
Состојки
- За палачинките
- 3 мали јајца
- 200 мл млеко
- 150 гр брашно
- 1 лажица ситно исецкан магдонос
- 1/4 лажиче сол
- 3 лажици масло
- по малку бибер и морско оревче
- За супата
- 1,2 л вода
- 2 телешки коцки за супа
- 1 среден изрендан морков
- по потреба свеж или сув власец
Подготовка
Фриттатен суппе - супа од палачинки која ни доаѓа од кујната на Германија и Австрија. Се служи со супа сварена од свежо телешко месо без коска или со коска посипана со исецкан свеж власец.
Јас да си скратам на време и струја си е правам со телешки коцки за супа.
Подготовка на палачинките
Во сад ставете ги сите состојки за палачинки и изматете ги со миксер да се изедначат. Од смесата испечете палачинки. Мене ме испаднаа 4. Покриени оставете ги да оладат. Потоа свиткајте ги во ролат и исечете ги на многу тенки (2-3мм) парчина.
Ако не сакате да изгледаат како шпагети како кај мене исечете ги поситно.
Водата со морковот и коцките за супа ставете ги да зовријат.
Во 4 чинии ставете по една рака од палачинките и прелијте ги со супата. Одозгора посипете ги со сув власец или уште подобро ако имате свеж.
Послужете ја веднаш додека е топла.
-Совет
Палачинките сите не ги искористив. Останатите ги собрав во пластична кутија, ги затворив и ги оставив во фрижидер. Другиот ден пак си сварив супа и пак имав топло предјадење.