Палачинки со мед и банани
Состојки
- 250мл кисела вода
- 1 јајце, брашно по потреба
- 1 банана
- 2-3 лажици мед
- 2 реда чоколадо со лешници
Подготовка
Ја правиме смесата за палачинки и ги пржиме.
Бананите ги сечиме на кругови, а чоколадото го рендаме.
Ставаме една палачинка, врз неа редиме кругови банани, па ги полеваме со мед, па ги наросуваме со ренданото чоколадо. Така продолжуваме се по ред до четири палачинки. Одозгора пак полејте со мед и рендано чоколадо, Украсете со банани.