Ролат од ајвар
Состојки
- 4 лажици ајвар
- 8 лажици брашно
- 200 мл кисела вода
- 1 лажиче прашок за пециво и малку сол
- 100гр. шунка
- 4-5 кисели краставички
- 100-200гр кисела павлака
Подготовка
Брашното,киселата вода,ајварот и пецивото ги мешаме со лажица. Кога смесата ќе се соедини ја ставаме во плех и печеме отприлика околу 20 минути на 200 степени.
Ја вадиме кората и ја мотаме во влажна крпа.
Кога ќе излади ја одмотуваме кората и ја премачкуваме со павлака.
Шунката и краставичките ги рендаме и ги редиме врз павлаката.Посолуваме.Ја мотаме кората во ролат.