Испечати

Ќофтиња од урда(изварка)

Ќофтиња од урда(изварка)

Состојки

  • 500гр. урда
  • 2 јајца
  • 1 главица кромид
  • 1 пециво
  • 1 лажица црвен бибер
  • 1 лажица сол или мешан сув зачин

Подготовка

Урдата се става во подлабок сад и во неа се додават јајцата, црбениот пипер, солта или мешаниот сув зачин, кромидот исецкан на ситни парчиња и едно пециво. Се замесува тестото и се додава брашно најмалку 5 лажички во зависност од течноста на урдата.
Се прават топчиња во вид на кофтиња или се расплеснуват во вид на плескавици се увалкуваат во брашно и се пржат во загреано масло.
Добар апетит !