Туна салата
Состојки
- 1,5 кг компири
- 2 главици кромид
- 1 конзерва туна
- 1 лаж. мајонез
- 200 гр.исчистени маслинки
- 100 гр. зејтин
- 1 лаж. мешан зачин
- малку сол
- по вкус црн бибер
- малку оцет
Подготовка
Најпрво се варат компирите. Откако ќе се сварат се лупат и се сечкаат на мали коцкички и се ставаат во сад. Потоа кромидот го сечкаме ситно, се става туната и маслинките исецкани. Се ставаат зачините и преливот се промешува убаво и на крај се додава мајонезот.