Бомбици со мед, ореви и печено јаболко (посно)
Состојки
- 1 печено пасирано јаболко
- 150гр растопено црно чоколадо
- 1 лажиче цимет
- 2 лажици мед
- 200-250гр мелени ореви
- 100гр мелени ореви за валкање
Подготовка
Вкусни, брзи бомбици
Во еден сад се соединуваат пасираното печено јаболко, чоколадото, циметот, медот,оревите.
Количината на ореви ќе зависи од големината на јаболкото.
Затоа стои од 200-250 гр , значи по потреба за да се замеси смесата.
Се формираат бомбици и се валкаат во мелени ореви.