Испечати

Гасеници со мак

Гасеници со мак

Состојки

  • 175 гр. омекнат маргарин ( путер)
  • 100 гр. шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • 175 гр. брашно
  • 75 гр. густин
  • 100 гр. мелен мак
  • 200 гр. бело чоколадо (за глазура)
  • 2 лажици масло (за глазура)

Подготовка

Сите состојќи се ставаат во еден сад се меси со рака колку да се соединат. Потоа смесата се става во шприц со врв за декорирање и се прават форми по желба. Стапчиња, крукчиња и слично. Се печат во плех на хартија за печење. На 180 степеми од 8 - 10 мин. Потоа се чоколадираат.