Слатко од тиква
Состојки
- 1кгр исчистена тиква
- 1кгр шеќер
- 200мл вода
- 1-2 кесички ванилин шеќер
- 1 лимон
- 50гр исчистени и на крупно сецкани ореви
- уште ладна вода и МРАЗ
Подготовка
Исчистете ја тиквата и насечетеја на коцки. Ставете ја во ладната вода со мразот да одстои 1-2 часа /ова е наместо да стои неколку часа во варова вода/.
Тиквата треба да е зрела, од оние за манџа-долга со лимон жолта боја.
Од шеќерот и 200мл вода сварете густ шербет, па додајтеја исцедената тиква.
Овој начин на подготовка на слаткото од тиква НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕША за време на варењето, туку само се протресува тенџерето и одвреме на време. Се потисниваат коцките тиква со решетка-лажица за да се препријат од шербетот. Се вари се додека коцките не добијат стаклесто золта боја/околу 1 час во време траење/ или кога шербетот ќе ја достигне саканата густина како за слатко.
15-сетина минути пред карај, ставете ги оревчињата и сечениот лимон на тркалца, доварете го слаткото.
Готовото слатко тргнете го од огнот, прекријте го со влажна платнена крпа и оставете да се излади. Изладено собете го во теглиња.