Посни банана бомбици
Состојки
- Смеса
- 800 грама банани сецкани на кругови
- 200 грама маргарин
- 250 грама шеќер во прав
- 400 грама посни мелени бисквити
- 300 грама мелени ореви или лешници
- 100 грама посно рендано чоколадо за готвење
- 2 супени лажици рум
- Глазура
- 100 грама посно рендано чоколадо за готвење
- 20 грама маргарин
- малку маслиново масло
Подготовка
За оние кои прават посни слави. Брзи и вкусни. Лапни голтни бомбички.
Пенасто се матат маргаринот со шеќерот. Се додаваат бананите и останатите намирници за смесата. Се обликуваат ситни бомбици (од оваа смеса излегуваат 120 бомбици со дијаметар од 2 сантиметри). Се попрскуваат со глазура.
Глазура
На тивок оган се ставаат маргаринот и маслиновото масло. Потоа се додава чоколадото да се стопи.
Доколку сакате целосно да ги глазирате бомбиците потребно е да направите дупла доза од глазурата.
Доколку смесата Ви се лепи на рацете намачкајте ги со маслиново масло.