Испечати

Рестован компир

Рестован компир

Состојки

  • 1 кг компир
  • масло за пржење
  • 1 лажица буковец
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 лажица мелен црвен пипер
  • други зачини по желба

Подготовка

Кај нас компир во сите варијанти се јаде, ама овој начин на спремање му е омилен на сопругот. Се јаде и во пости и во мрсници, а ако ви се погоди сладок Беровски компир е тука нема запирачка.

Компирот го вариме со се лушпа. Откако ќе се свари го лупиме, го сечкаме на коцки и го ставаме на тава со околу 50 мл масло да се пржи. Ги додаваме зачините и пржиме. По потреба и желба доставаме масло.
Некои слоеви ќе омекнат при пржењето и околу компирчето ќе се направи како пире, а некои ќе се упржат и ќе крцкаат.

Навистина едноставно и вкусно!