Крем супа од тиква и морков

Состојки
- 500 гр тиква
 - 2 поголеми моркови
 - 1 главица кромид
 - 50 гр путер
 - 0,5 л вода
 - 100 мл млеко
 - 200 мл павлака за готвење
 - 2 лажици магдонос
 - пола лажиче сол
 - малку црн бибер
 
Подготовка
1. Исецкајте ги на ситно кромидот и морковите 
2. Тиквата излупете ја па исчистете и ги семките и исечете ја на коцкички 
3. Во тавче за пржење ставете го путерот, кромидот и морковот и малку пропржете 
4. Во тенџере ставете ја тиквата и кромидот и морковот и ставете ја водата. 
5. Оставете нека се крчка околу 20 минути,потоа додајте го млекото и павлаката.
Посолите и ставете го биберот. Се заедно ставете во блендер и измиксајте. Ако ви е многу густо можете да додадете млеко. 
5.Добиената супа ставете ја во чинии и украсете ја со малку магдонос и павлака за готвење ПРИЈАТЕН АПЕТИТ