Печен ананас со мед и цимет
Состојки
- 1 ананас
- 4 лажички мед
- 2 лажички кафеав шеќер
- 1 лажиче цимет
Подготовка
Ананасот излупете го од горната тврда кора и остранете го тврдиот дел од средината.
Исечите 4 парчина дебели околу 1,5 цм и ставете ги на загреана грил тава да се печат. Печете ги на среден оган околу 10 минути и вртете ги 2-3 пати при печењето.
Кога се готови ставете ги во 4 чинии за послужување. На секое парче ананас додајте му по 1/2 лажиче од шеќерот, 1 лажиче мед и посипете го со по 1/4 лажиче цимет. Послужете ги топли. Толку!!!