Колач со мед и фстаци
Состојки
- 5 јајца
- 220 гр кисело млеко
- 225 гр шеќер
- 75 гр фино сомелени бадеми
- 1 лимон нарендана кора и сок
- 250 гр брашно
- 200 гр гриз
- 1 лажичка пециво
- 200 мл масло (може и маслиново)
- За глазура
- 150 гр фстаци
- сок од еден лимон
- сок од две мандарини
- 3 лажици мед
Подготовка
1. Сите состојки за тестото за колачот ги ставаме во сад и ги матиме со миксер.
2. Смесата ја истураме на тава на која сме ставиле хартија за печење или пак сме ја намрсиле па набрашниле. Смесата се пече на 180 степени, околу 30-35 минути.
Оставете го колачот да се излади околу еден час.
3. Фстаците исечкајте ги на крупно и ставете ги во тава да се запечат, колку да пуштат мирис. Ставете го медот, промешајте, па ставете го сокот од мандарините и лимонот. Лесно промешајте.
4. Колачот избоцкајте го со вилушка на повеќе места. Лесно посипете ја глазурата преку него, не мора цела, нека впие, па повторно додека да се потроши. Оставете барем 15 минути да впие.
5. Сервирајте парче од колачот со густо кисело млеко во кое сте ставиле и свежи јагоди, попрскани со шеќер, кои претходно сте ги полеале со сок од мандарини и украсете по желба.
Забелешка
Мандарините може да ги замените со еден портокал. Така стои и во оригиналниот рецепт, ама јас повеќе го сакам вкусот на мандарини.
Комбинацијата со кисело млеко е многу добра и вкусна.
Ако киселото млеко ви е ретко, промешајте го со кисела павлака.