Коцки бајадера
Состојки
- 200 гр шеќер
- 9 лажици вода
- 300 гр мелени бисквити
- 150 гр мелени ореви
- 1 маргарин
- 1 чоколадо за готвење
Подготовка
Во сад за готвење на оган се додаваат водата и шеќерот. Кога ќе зовријат, се додаваат мелените бисквити, мелените ореви и маргаринот. Целата смеса се замесува и се дели на 2 еднакви делови. Во првиот дел се додава растопеното чоколадо. Делот со чоколадото се става во тава со коцкест облик и се распространува убаво со рацете за да го завземе обликот и да ја пополни тавата. Потоа се додава вториот-бел дел и на истиот принци се нанесува. Врз слоевите се посипува растопено чоколадо. Кога ќе се стврдне и соедини колачот, се сече на правоаголници.
Добар апетит