Медени сусамки
Состојки
- 1 чаша мед
- 3 чаши сусам
- прстофат сол
Подготовка
Ова се лесни сусамки од само две состојки.
Најпрво земаме хартија за печење и ја премачкуваме убаво со масло за готвење, тука ќе ја истуриме смесата. Сусамот го истураме во загреана тава (премачкана со масло и убаво избришана со салфетка, да не биде многу мрсна). Го потпекуваме додека не смени малку боја. Кога ќе биде готов го истураме медот во тавата и мешаме додека смесата не се соедини. Во сусамот истураме и прстофат морска сол, од она што го најдов на интернет тоа е за да останат зрната сусам кревки.
Ја истураме смесата врз хартијата за печење и ја оформуваме, чекаме малку да се излади, и да се стегне, па потоа сечеме форми по желба.
Совет - за да не ви се лепи смесата на ножот, сечете преку хартијата.
Јас ја исеков смесата на долги ленти, и потоа лентите ги обликував да бидат заоблени. За да не ви се лепи смесата на рацете кога ги обликувате, премачкајте ги рацете со маслиново масло.