Испечати

Пирошки од палачинки со мелено месо

Пирошки од палачинки со мелено месо

Состојки

  • 8 палачинки
  • 400 гр мешано мелено месо
  • 1 мала главица кромид
  • 1 морков
  • 2 лажици магдонос
  • 1/2 лажиче црн пипер
  • по вкус сол и мешан сув зачин
  • по потеба масло
  • 1 мало јајце
  • 100 гр ситно рендан кашкавал
  • За поховање на палачинките
  • 2 јајца
  • по потреба брашно
  • по потреба презла
  • по потреба масло за пржење на палачинките

Подготовка

Направете смеса за солени палачинки по сопствен рецепт. Испечете ги и покриени оставете ги да оладат.
За тоа време подгответе го филот за полнење.
Кромидот и морковот исецкајте ги многу ситно и пропржете ги во маку масло. Додајте го меленото месо, зачините и пржете го да омекне и испари течноста што ќе ја пушти месото. На крај додајте го магдоносот, измешајте го и тргнете го на страна да олади.
Во оладеното месо додајте го ренданиот кашкавал и јајцето претходно разматено со вилушка. Измешајте се заедно да се соедини.
На секоја палачинка на долниот дел ставите од филот. Свиткајте ги краевите од страна и завиткајте ја во ролат. Крајот прицврстете го со чепкалка.
И така со ред додека се потрошат сите палачинки.
Потоа следи поховање.
Најпрво извалкајте ги во брашно, во изматените јајца и на крај во презлата.
Пржете ги во загреано масло на не многу висока температура од сите страни, да добијат зацрвенета боја.