Освежителен коктел со мед
Состојки
- 1 лимон исцеден
- 1 мандарина исцедена
- 1-2 лажички мед
- 1/4 лажиче ѓумбир мелен
- 150 мл кисела вода
- мента, кора од лимон
Подготовка
Едноставен, вкусен напиток со кој може да почне денот.
Сите состојки соединете ги, ставете ги во чаша, промешајте .
Декорирајте со кора од лимон и гранче мента.
Наздравје