Поховани пиперки со фета сирење
Состојки
- 10 пиперки
- 10 парчиња фета сирење
- 150 гр брашно
- 2 јајца
- 100 гр презла
Подготовка
Пиперките ги печеме, лупиме и го чистиме внатрешниот дел внимателно.
Околу 250-300 гр фета сирење сечеме на 10 парчиња и ги полниме пиперките со по едно парче фета.
Полнетите пиперки ги валкаме прво во брашно, па јајце па презла и ги пржиме во поголема количина на масло.