Интегрални стапчиња со сирење и разни семки
Состојки
- 250 грама путер
- 250 грама кравјо сирење
- 1 жолчка
- 350 грама интегрално брашно
- 1 прашок за печиво
- 100 грама несолени непечени семки од тиква
- 100 грама несолен непечен сончоглед
- 100 грама сусам
- 100 грама ленено семе
Подготовка
Многу вкусни, здрави и брзи за правење. Рецепт од пријателка.
Путерот и жолчката пенесто се матат. Се додава сирењето. Со додавање на брашното и печивото се замесува тестото. На крај се додаваат семките. Се расукува кора со дебелина од пола сантиметар. Се сечат стапчиња. Се печат одприлика 20 минути на температура од 180 степени (до поруменување).
Доколку сте љубители на луто, може да додатете малку чили. Идеални во комбинација со пиво.
Уживајте!