Тава ориз со потпечен спанаќ
Состојки
- 500 гр спанаќ
- 2 шољи ориз
- 1 главица кромид
- 500 гр урда (сирење)
- 3 јајца
- 2-3 моркови
Подготовка
Најпрво обарете го спанаќот, па потоа ситно исечкајте го. На страна во тавче испржете го кромидот со морковите и додадете го оризот. Во тавата за печење ставете го исечканиот спанаќ, пропржениот ориз и додадете ја водата од спанаќот, соодносот го знаете, на една шоља ориз оди три шољи вода. Посолете, зачинете и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени. Кога водата ќе биде скоро испарена, додадете ја урдата (сирењето) промешана со јајцата и повторно вратете ја тавата во рерна. Печете уште неколку минути, т.е. додека се запечат јајцата. Послужете топло, во комбинација со кисело млеко или чаша јогурт.