Испечати

Рафаело бомбици

Рафаело бомбици

Состојки

  • 1/2 л млеко
  • 15 лажици шеќер
  • 10 лажици густин
  • 250гр маргарин
  • 200гр кокос
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 200гр пржени лешници(излупени)
  • 100гр. кокос

Подготовка

Ставете го млекото да зоврие. Кога ќе зоврие тргнете го од оган и додајте ги густинот и шеќерот и мешајте додека не стане густо како крем.
Оставете да се излади.
Кога смесата ќе се излади додадете го маргаринот (претходно да стои на собна температура, да не е ладен). Промешајте и додадете го кокосот.
Со влажни раце правиме бомбици и во средината ставаме по еден лешник.
Ги валкаме во кокос.