Пита со кисело млеко и јајца
Состојки
- 1кг брашно
- 1 квасец
- 1 лажиче сол,прстофат шеќер и млака вода
- 1 кисело млеко
- 3-4 јајца
Подготовка
Замесете го брашното и оставете го да стаса.
Кога ке стаса расукајте две кори.Едната поголема од тавата во која ќе печете.Намрсете ја тавате и ставете го тестото .(деловите што остануваат после треба да се засукаат.)Врз тестото ставете ја смесата од јајца и кисело млеко.Покријте со другата кора и останатите делови завиткајте ги по крајчињата.
Се пече на загреана рерна додека не зарумени(околу 40-45 минути)