Пинџур
Состојки
- 10 печени пиперки
- 1 модар патлиџан
- 1 чешне лук
- 1 лажиче сол и масло по потреба
- 1 јајце
Подготовка
Еден предлог за вкусен појадок. Печените пиперки ги лупиме, а и не мора. Модриот патлиџан се лупи и се лупи и чешнето лук. Во машина за мелење ги мелиме пиперките и модриот и лукот. Ги посолуваме.
На оган загреваме масло и го попаруваме пинџурот. Мешаме смесата да се соедини.
Инаку многу повкусно е со лупени пиперки и толчено со толчник ама вака ми дојде некако побрзо. Јас си додадов и јајце пржено.