Тути фрути мафини со мед
Состојки
- 2 јајца
- 1 лажица шеќер во прав
- 1 лажица мед
- 50гр путер
- 1лажица јогурт
- 100гр сецкан бадем , брусница, црна слива( микс по ваш вкус)
- 1/4 лажиче цимет
- 1/2 лажиче пециво
- 3-4 лажици брашно
Подготовка
Во вангличка се мати маргаринот со шеќерот, па се додаваат жолчките, медот, јогуртот.
Се додаваат останатите сосотојки, убаво се промешува и на крај се додава снег од белки.
Лесно се промешува и се полнат калапи за мафини.
Се печат околу 30 минути на 180 степени.
Се декорираат по желба.
Од оваа доза излегуваат од 6-8 мафини, се во зависност колку ќе ги полните калапчињата.